АЛТЕРНАТИВНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВЕЧЕРВА ПРОТИВ СЛОВАЧКА

Составот на Данска изгледа смешно (Фото)

По неколку неделни натегања Федерацијата не попушти и повика играчи од втората и третата лига за пријателскиот меч со Словаците вечерва

објавено: 5 септември 2018 - 10:47

Спорот меѓу репрезентативците и Федерацијата околу спонзорските права не се реши, па на пријателскиот меч против Словачка вечерва (20.45 часот) во Трнава ќе истрчаат фудбалери кои ги знаат само во Данска. Се работи за играчи од клубови од втората и третата лига... Шест се од футсал селекцијата.

Проблемот настана откако главниот спонзор сака да ги искористи играчите за сопствена промоција, а поголемиот дел од нив имаат приватни договори со други компании кои не смеат да ги прекршат. Тие се лути на непромислениот договор што го потпишале луѓето од Федерацијата и спонзорот не размислувајќи за последиците кои би ги трпеле фудбалерите ако се во рекламна кампања на друга компанија.

Фудбалерите во меѓувреме предложија да биде склучено привремено примирје за да не се дозволи колапс на репрезентацијата и сериозна санкција од страна на УЕФА, но од Федерацијата не попуштија и собраа фудбалери од нисколигашките клубови за натпреварите со Словачка (пријателски) и со Велс во Лигата на нациите (во недела). Прволигашите не ги пуштија своите играчи несакајќи да се мешаат во спорот.
На селекторската клупа е поставен Јон Јенсен, некогашниот играч на Брондби и Арсенал.


Составот на Данска е следниот:

 

Најново во Меѓународен Фудбал