ИАКО Е ПОВРЕДЕН

Специјален план за тоа како Роналдо да остане во форма до финалето од ЛШ

Во таборот на Реал се речиси сигурни дека Португалецот без проблеми ќе биде подготвен за дуелот против Ливерпул во Киев

објавено: 14 мај 2018 - 12:30

Кристијано Роналдо го пропушти последниот меч за Реал Мадрид и тоа поради повреда на ногата. Во таборот на Реал Мадрид не сакаат да остават ништо на случајноста и се веруваат дека Роналдо ќе биде целосно подготвен за финалето од Лигата на шампионите кое се игра на 26 мај во Киев. 

Реал ќе се обиде по трет пат во низа да биде на врвот на фудбалскиот трон на Европа, а последна пречка ќе им биде Ливерпул. „Кралевите“ знаат дека Роналдо е најважниот играч за нив, па затоа лекарите решија да му направат специјален третман за вежбање, како Португалецот би можел да остане во посакуваната форма во следните две недели. 

За тоа каква ќе биде формата на Роналдо, може да се очекува да се види уште на дуелот на Реал против Вилјареал, во последното коло од шпанската Примера дивисион. 

Најново во Меѓународен Фудбал