МАНЧИНИ ОТКРИ СО КОИ ИМИЊА ЌЕ НАСТАПИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Списокот на Италија: Тука е новиот „Пирло“, ги нема Белоти и Балотели! (ФОТО

Секој список кој италијански селектор го објавува е вистинска занимливост за јавноста, бидејќи секогаш има некои интересни потези пред одигрувањето на новите пријателски натпревари.

објавено: 9 ноември 2018 - 17:35

Ист е случајот и со најновата листа на кандидати за претстојните мечеви на „аѕурите" против Португалија на 17. ноември во Милано во рамките од УЕФА Лигата на нации за пласман на ЕУРО 2020 и пријателската средба со селекцијата на САД.

За италијанските репрезентативци дуелот со Португалците е воедно послена шанса да дојдат до првата позиција во групата, што води понатаму на Фајнл-фор во натпреварувањето.

Повторно не се повикани Марио Балотели и Андреа Белоти, на списокот има тројца дебитанти, играчот за врска од Сасуоло, Стефано Сенси, членот на второлигашот Бреша, Стефано Тонали, 18-годишниот кој со своите квалитети потсетува на легендарниот Андреа Пирло, а трет дебитант е напаѓачот на Хофенхајм, Винченцо Грифо кој имаше гол и две асистенции во гостинската победа над Баер Леверкузен (4:1).

Најново во Меѓународен Фудбал