ИМАМЕ И НОВ ШАМПИОН ВО ПОРТУГАЛИЈА

Спортинг и Бенфика се тепаа меѓу себе, а Порто ја грабна титулата

По натпреварот од 33. коло меѓу Спортинг и Бенфика која заврши 0:0, екипата на Порто ја осигура шампионската титула во Португалија и тоа на две кола пред крајот на Примеира

објавено: 6 мај 2018 - 14:06

Во големото лисабонско дерби меѓу Спортинг и Бенфика немаше погодоци, а од таквиот исход најзадоволен беше лутиот ривал Порто кој сега и математички ја осигура титулата во Португалија.

Спортинг со ремито ја презеде втората позиција на табелата затоа што во првиот меч на „Луж" постигна погодок во ремито (1:1) и така поради тој гол во гости е подобар во меѓусебниот дуел со Бенфика. Македонскиот интернационалец во Спортинг Стефан Ристовски го преседе мечот на клупата.

Порто ја врати титулата по пет години пауза, а таа е вкупно 28. „Змејовите“ својот меч ова коло го играат вечерва против Феиренсе.

Најново во Меѓународен Фудбал