НОВ СКАНДАЛ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Србите бесни: Љајиќ повторно ја бојкотираше химната

Играчот на Торино пред две години беше во центарот на вниманието поради истата причина, повторно одби да ја пее српската химна.

објавено: 12 октомври 2017 - 10:00

Адем Љајиќ по дуелот со Грузија, повторно ја крена на нозе српската јавност, не ја пееше националната химна. Играчот на Торино за истата работа пред две години беше во центарот на вниманието, но тогашниот селектор Синиша Михајловиќ одлучи да го избрка од репрезентацијата.

„Ако 40.000 луѓе ја пеат химната, не знам зошто еден фудбалер на сака да го направи истото. На секој играч треба да му биде чест што игра за својата земја и народ", изјави тогаш Синиша Михајловиќ.

Љајиќ, кој е припадник на муслиманското малцинство во земјата, тогаш одби да ја пее химната на натпреварот против Шпанија, кој Србија го изгуби со 2-0. Фудбалерот изјави дека не сакал да ја пее химната од лични причини.

Дали од тамошната федерација ќе има драстична казна останува да биде познато наскоро. Србија со победа над Грузија 1-0 обезбеди место на СП во Русија 2018.

Најново во Меѓународен Фудбал