ИАКО Е МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ СЕПАК...

Српскиот судија открива: Поради Хрватска не го судев финалето на СП

Иако Светското првенство веќе одамна е зад нас, сепак и натаму има интересни приказни, но и уште поинтересни признанија. 

објавено: 14 септември 2018 - 20:00

Милорад Мажиќ кој е еден од најдобрите судии во светот, открива дека поради Хрватска не ја делел правдата во финалето на Светското првенство во Русија, кое веќе одамна заврши. Заедно со својот тим бил меѓу главните кандидати, но на крајот одлуката паднала на друг судија - Нестор Питана. Мажиќ беше главен на финалето во ЛШ и Супер-купот на УЕФА, но...

„Не сакам да бидам погрешно сватен, но во овој момент е невкусно да влагувам во таа тема. Вистина е дека не смеевме да ја делиме правдата на натпреварите во кои играше Хрватска. Мислам дека тоа доволно говори. По четвртфиналето меѓу Бразил и Белгија, ни се отворија многу врати, но на крајот последната остана затворена. Светското првенство ќе биде едно големо искуство за нас, сигурен сум дека ќе ни се отвори друга врата“, рече Мажиќ.

Хрватска во финалето загуби од Франција со 4-2, многумина сметаат дека Питана направил голема грешка, кога досуди пенал во корист на светскиот првак по играта со рака на Перишиќ. 

Најново во Меѓународен Фудбал