ИНТЕРЕСНИ ДВОЈКИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Стефан Ристовски против Атлетико во четвртфиналето

Првиот фаворит за освојување на титулата во Лигата на Европа, екипата на Арсенал ќе игра против ЦСКА

објавено: 16 март 2018 - 13:12

Првиот фаворит за освојување на титулата во Лигата на Европа, екипата на Арсенал ќе игра против ЦСКА Москва во четвртфиналето од Лигата на Европа. 

Единствениот македонски претставник во второто по ранг натпреварување е Стефан Ристовски во дресот на Спортинг од Лисабон. Португалскиот тим за противник го доби Атлетико Мадрид, кој заедно со Арсенал се главни фаворити за титулата, која дава место и во Лигата на шампионите за следната сезона. 

Првите мечеви се играат на 5 април, додека реванш дуелите се на 12 април. 

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

Лајпциг - Олимпик Марсеј

Арсенал - ЦСКА Москва

Атлетико Мадрид - Спортинг Лисабон

Лацио - Салцбург

Најново во Меѓународен Фудбал