ХРВАТСКИОТ СЕЛЕКТОР СО СТРОГИ ПРАВИЛА ПРЕД СП ВО РУСИЈА

СТРОГО ЗАБРАНЕТО!!! Жени, сопруги и девојки во кампот на Хрватска

„Нема шанси! Ние таму имаме сериозна работа" – предупреди селекторот на Хрватска, Златко Далиќ

објавено: 9 мај 2018 - 15:00

Фудбалската репрезентација на Хрватска за нешто повеќе од месец дена ја очекува настапот на Светското првенство во Русија, а селекторот Златко Далиќ уште од сега поставува строги правила за своите играчи.

„Жени, сопруги и девојки во кампот на репрезентацијата? Нема шанси! Ние таму имаме сериозна работа. Немам ништо против да се видат со нив на кратко по натпреварите, но во останатото време ние сме во кампот, сериозно концентрирани и максимално мотивирани", уште од сега им најави на своите фудбалери хрватскиот селектор Далиќ.

Хрватска на СП во Русија е во групата Д заедно со Аргентина, Исланд и Нигерија.

Најново во Меѓународен Фудбал