Судиската организација при ФИФА донесе одлука

Судија од Гана доби доживотна суспензија од фудбалот поради „местење“

Судијата Џозеп Лампти од Гана доби забрана за активност во фудбалот откако тој беше виновен за манипулации на мечот меѓу Јужна Африка и Сенегал во ноември минатата година

објавено: 20 март 2017 - 16:15

Судиската организација при ФИФА одлучи да му даде доживотна забрана на африканскиот судија Жозеп Лампти, откако го прогласи за виновен за „местење" на квалификациски меч. Судијата од Гана беше делегиран за главен делител на правдата меѓу Јужна Африка и Нигерија кој се одигра во ноември минатата година, во рамките на квалификациите за СП во Русија.

Според светската кужа на фудбалот, Лампри манипулирал со овој меч кој на крајот го доби Јужна Африка со 2:1.

Сепак, натпреварот нема да се преигра, бидејќи според официјалните лица нема други вмешани луѓе од актерите на овој меч.

Дека ова е голем скандал во овој спорт говори и фактот дека овој судија беше дел на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Најново во Меѓународен Фудбал