ИАКО СЕГА НЕМА ГОЛЕМО ФАЈДЕ

Судијата конечно призна: Згрешив и тоа влијае на СП

Арбитарот неправилно досуди пенал, кој се покажа како клучен за Швајцарија да се пласира на Светското првенство во Русија, а Северна Ирска остана да жали

објавено: 12 јануари 2018 - 13:50

По повеќе од два месеци по одиграните бараж дуели за пласман на Светското првенство во Русија, со реакција се појави судијата Овиди Хатеган, кој судеше еден од двата дуели меѓу Швајцарија и Северна Ирска. Арбитарот кој требаше да ја дели правдата, донесе една погрешна одлука, која на крајот се покажа како катастрофална за Северна Ирска. 

На дуелот кој се играше во Северна Ирска, судијата Хатеган досуди пенал за Швајцарија. Домаќините се бунеа сигнализирајќи дека немало никаква игра со рака на домашните играчи, но тоа беше залудно. Арбитарот покажа на белата точка, а гостите реализираа за победа од 1:0. На реваншот немаше погодоци, што значи дека токму голот од непостоечкиот пенал беше решавачки за Швајцарија да се радува на место на Мундијалот.

„Тоа беше тажен и неупав момент за мене. Загрешив со одлуката. За жал ме нема меѓу 36-те најдоби судии на Мундијалот, но можно е да одам како видео судија. Сигурно мојата грешка ќе влијае кај луѓето во ФИФА; но јас не бегам од тоа. Во нашиот свет, судиите се како голманите. Сите ги забележуваат нивните грешки“, рече судијата Хатеган. 

Најново во Меѓународен Фудбал