Шпанците ќе излезат ќар

„Суперкласико“ ќе му донесе на Мадрид профит од околу 25 милиони евра

Експертите велат дека финансискиот бенефит од тоа што Мадрид го организира вториот финален меч од Копа Либертадорес е реален и се очекува прилив на свежи пари во угостителската дејност.

објавено: 6 декември 2018 - 12:30

одигрувањето на вториот натпревар од финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во Мадрид ќе има исклучителен плус за економијата во Мадрид. Според експертите, проценките велат дека шпанската престолнина би можела да очекува прилив на околу 25 милиони евра само поради одигрувањето на „Суперкласико“ пресметката на нивен терен.

Експертите велат дека најголем дел од парите околу натпреварот ќе одат во хотелската индустрија, но и останатите услужни дејности ќе видат голем ќар. 

Вториот натпревар од големата градска пресметка која треба да го даде новиот шампион на Јужна Америка требаше да се одигра на 24 ноември, но беше одложен двапати, поради напад на автобусот со играчите на Бока. Конечно, КОНМЕБОЛ одлучи да го однесе реваншот во Мадрид, а меѓу опциите за домаќини беа Асунсион, Мајами и Доха.

Одлучувачкиот натпревар меѓу Бока и Ривер ќе се одигра на 9 декември во 21.30 часот на „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши нерешено 2:2.

Најново во Меѓународен Фудбал