„стариот континент“ доминира во русија

Светското се претвори во европска трка за тронот

Сигурно е дека во полуфиналето сите четири репрезентации ќе бидат од стариот континент

објавено: 6 јули 2018 - 22:13

Целосна европска доминација на Светското првенство во Русија. Тоа беше потврдено и по денешните два четвртфинални дуели. Некогашните светски прваци Уругвај и Бразил беа немоќни да се спротистават на Франција и Белгија, кои се радуваа на победите и на пласманот во полуфиналето. 

со елиминациите на Уругвај и Бразил, во трка за светското злато останаа само европски селекции. Франција против Белгија ќе решат во меѓусебен дуел за патникот во финалето, додека утре ќе се знаат останатите две полуфинални екипи. Шведска игра против Англија во 16 часот, а во 20 часот домаќинот Русија ќе се обиде да направи уште едно изненадување во дуелот против Хрватска. 

Најново во Меѓународен Фудбал