БИ СЕ ОЧЕКУВАЛЕ НЕКОЛКУ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО РУСИЈА...

Свиња која не греши: Маркус предвидува кои ќе играат полуфинале на СП! (Видео)

Во 2014. година успеа да ги погоди победниците на Светското првенство и на тенискиот Вимблдон.

објавено: 14 јуни 2018 - 09:00

Црната свиња Маркус ги даде своите предвидувања за Светското првенство, односно бирајќи јаболки со знамиња на државите и прогнозира дека во полуфиналето на Мундијалот 2018 ќе се најдат репрезентациите на Белгија, Аргентина, Нигерија и Уругвај.

Сопственичката Џулиет Стивенс вели дека нејзината свиња досега не згрешила во спортските предвидувања, но дека била успешна и во другите сфери, односно го предвидела „Брегзит" и дека Доналд Трамп ќе слави на претседателските избори во САД.

Дали Маркус ќе биде и овојпат во право, останува да видиме некаде во периодот 10-11 јули кога и ќе се играат полуфиналните мечеви на СП во Русија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал