БРАЗИЛСКАТА ЅВЕЗДА СЕКОГАШ ГИ СЛУША СОВЕТИТЕ ОД ОВОЈ ЧОВЕК

Таткото на Нејмар најави трансфер во Реал Мадрид

Иако само неколку месеци поминаа откако дојде во ПСЖ, постојано се збори за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“

објавено: 29 ноември 2017 - 15:30

Капитенот на бразилската репрезентација, Нејмар веќе неколку месеци го има приматот како играч со најголем трансфер во историјата на фудбалот. Летово, тој си замина од Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен, за сума од 222 милиони евра. 

Иако има повеќегодишен договор со францускиот тим, за Нејмар постојано се шпекулира дека следниот негов клуб ќе биде Реал Мадрид. Главен за сите можности околу евентуалниот трансфер е таткото на Нејмар. Тој е човекот кој го однесе еден од најдобрите играчи кај „светците“. 

„Точно е дека во овој момент нема шанси да се направи трансфер во Реал Мадрид. Но во фудбалот се е можно и работите може многу брзо да се променат. Не ја отфрлам можноста да има преговори со тој клуб, во следните неколку години. Во наредните осум години не ни планираме да ја напушти Европа“, рече Нејмар-сениор.

Најново во Меѓународен Фудбал