ПОСЛЕ ОЧАЈНИОТ НАСТАП ПРОТИВ ИСЛАНД

ТЕШКИ ЗБОРОВИ: Ако продолжиш вака, не се враќај во Аргентина! (Фото)

ДИЕГО АРМАНДО МАРАДОНА ДАДЕ ИЗЈАВА ПОСЛЕ НАТПРЕВАРОТ АРГЕНТИНА-ИСЛАНД (1:1)!

објавено: 18 јуни 2018 - 17:00

Разочаран од она што го виде на теренот и играта која ја покажаа играчите и не штедеше критики на сметка на селекторот Хорхе Сампаоли.

„Ова реми е национална катастрофа и ако Аргентина продолжи со очајните игри, подобро селекторот да не се враќа дома", рече Марадона.

После промашениот пенал на Меси, во натпреварот против дебитантите на Мундијалот, од стадионот на Спартак Москва, Марадона порача:

„Имам чувство дека е многу лоша атмосферата во репрезентацијата. Не ги обвинувам фудбалерите, најмалку Меси кој можеби и најмногу се трудеше на дуелот против Исланд".

Следниот меч на Светското првенство Аргентинците ќе го имаат во Нижњи Новгород на 21. јуни против селекцијата на Хрватска.

Колку тешко беше особено за првата ѕвезда на „гаучосите" говори и следната слика:

 

Најново во Меѓународен Фудбал