НОВ КИКС НА ШПАНСКИОТ ПРВАК

Титулата во Шпанија со едно големо „чао“ за Реал

„Кралскиот клуб“ одигра само 2:2 на гости кај Селта Виго и сега заостанува 16 бода зад лидерот Барселона

објавено: 7 јануари 2018 - 22:41

Иако има уште многу да се игра, Реал Мадрид може да се збогува со помислата дека може да ја одбрани титулата во шпанското првенство. „Кралскиот клуб“ продолжи со променливите игри и вечерва одигра само 2:2 на гостувањето кај Селта Виго, во меч од 18 коло на Ла Лига. 

По овој кикс, Реал сега заостанува дури 16 бодови зад лидерот Барселона, но мадриѓани имаат меч помалку. Сепак и да се добие тој дуел, разликата останува високи 13 бодови.

На гостувањето кај Селта, Реал знаеше дека нема да биде лесно. Вас погоди во 33 минута за водство на домаќините, но многу брзо следуваше пресврт. Герет Бејл погоди во 36 и 38 минута и Реал на полувремето водеше со 2:1. 

Во вториот дел Селта тргна да израмни, а во 72 минута домаќините промашија пенал преку Аспас. Сепак, радост за домашните фанови донесе Гомез со погодокот со глава во 82 минута, кога израмни на 2:2, резултат кој беше конечен.  

Најново во Меѓународен Фудбал