НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ СЕКАКО Е И НАЈЕФИКАСЕН

Тоа е традиција, тоа е историја: Реал прв даде над 6.000 гола во Ла Лига

„Кралскиот клуб“ синоќа со 5:3 славеше на гости кај Бетис, а погодокот број 6.000 за мадриѓани го даде Марко Асенсио

објавено: 19 февруари 2018 - 09:15

Реал Мадрид синоќа се радуваше на трите бода во дуелот против Бетис, на гостински терен во Севилја. „Кралскиот клуб“ славеше со 5:3, во меч кој ќе биде запишан во историјата на мадридскиот гигант.

Најтрофејниот тим во Шпанија, стана првиот кој успеа да ја надмине бројката од 6.000 погодоци во Ла Лига. Вториот гол за Реал против Бетис беше дело на Марко Асенсио, а тоа беше и јубилејниот погодок. Ниту еден друг клуб во Шпанија нема ваков успех. 

Што се однесува до топ пет лигите во Европа, претходно само пет клуба ја имаат надминато бројката од 6.000 голови во првенството. Сите тие клуба се англиски и тоа Евертон, Арсенал, Ливерпул, Астон Вила и Манчестер Јунајтед.

Ниту еден друг тим во Топ 5 лигите нема волку многу голови дадено во домашното првенство.

Најново во Меѓународен Фудбал