НЕ ПОМИНАА НИ ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО ВЛЕГОА ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ

Толку беше од Кинезите во Интер, никој не сака да го купи тимот од „Џузепе Меаца“

Компанијата Сунинг пред 22 месеци влезе во гигантот од „Џузепе Меаца“, а сега сака да си замине, но не може да најде нов купувач

објавено: 29 март 2018 - 15:33

Кога пред речиси две години влезе како нов сопственик на Интер, кинескиот инвеститор најавуваше враќање на победничките петеки на „нераѕурите“. Сепак, сега ситуацијата е сосема поинаква. Челниците на компанијата „Сунинг“ најавија дека се во потрага по нов купувач, кој би искеширал 600 милиони евра, но засега тој го нема. 

Кинезите поседуваат 68,55 отсто од акциите и се доминантен сопственик. Како главна причина за повлекувањето од клубот ги наведуваат слабите резултати, како и големите проблеми кои ги имаат со финансискиот фер-плеј на УЕФА. 

Покрај кинеската компанија, со 31,05 отсто акции во Интер е и индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир. Засега не е јасно кој би можел да го превземе работењето врз некогашниот трикратен европски првак Интер. 

Најново во Меѓународен Фудбал