ПОРТУГАЛЕЦОТ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ТОЛЕРИРА НЕГОВИТЕ СЛАБИ ИГРИ

ТОЛКУ БЕШЕ ОД НАЈСКАПИОТ ИГРАЧ: Мурињо го брка Погба од Манчестер!

Во речиси сите статистички категории, Погба е далеку послаб од други играчи во Премиерлигата кои играат на неговата позиција

објавено: 17 април 2018 - 11:30

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо веќе не може да ги толерира слабите игри на најскапиот играч во тимот, Пол Погба. Според пишувањата на „Дејли Мејл“, Мурињо веќе му дозволил на Погба да си бара нов клуб, бидејќи не ги дава посакуваните игри за тимот од „Олд Трафорд“. 

На последниот меч против Вест Бромвич Албион, Мурињо реши да го извади погба од игра во 58 минута. 

„За мене постои само еден критериум, а тоа е кој како ќе игра на терен. Или вие барате од мене да гледам кој е поскап, кој заработува повеќе, или кој е поубав? Следниот викенд нè очекува полуфинале од ФА Купот против Тотенхем. Кој ќе игра добро против Борнмут, сигурно ќе биде во составот и за дуелот против Спарси. на мечот против ВБА видов многу играчи за кои нема место во овој тим“, револтирано коментираше Мурињо, чиј тим загуби на „Олд Трафорд“ од последнопласираниот во Премиерлигата.

Погба дојде во Манчестер во 2016 година за рекордни 105 милиони евра. Првата сезона сите му прогледуваа „низ прсти“, велејќи дека токму оваа сезона ќе блесне. Сепак, погба игра уште поочајно. Французинот сезонава даде само пет гола, што е помалку од дури 18 други играчи за врска во Премиерлигата.

Ако головите не се негова задача, тогаш погба е очаен и во создавањето на шанси. Сезонава создал само 34 шанси за неговите напаѓачи, што е три пати помалку од тоа што успеал да го креира играчот за врска на Манечстер Сити, Кевин де Брујн (103 создадени шанси). 

Погба е дури на 18 место по бројот на точни додавања, а со 85,3 отсто прецизни додавања е дури на петото место во Манчестер Јунајтед, зад Лингард, Мата, Матиќ и Ерера.

Најново во Меѓународен Фудбал