НАВИВАЧИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА МОЖЕ ДА ВРЕДАТ „ЗЛАТО“

„Торцида“ и „Бед Блу Бојси“ заеднички го одбранија Сплит од огнените пламени (Фото+Видео)

Навивачите на Хајдук и Динамо се „смртни“ непријатели, но синоќа со заеднички сили помогнаа во гаснењето на пожарот кој дивее во Далмација

објавено: 18 јули 2017 - 08:00

Цела Далмација гори. Огромни пожари дивеат во овој дел од Хрватска. Најкритично беше над Омиш, а пожарот продолжи да се шири и кон Сплит. Пожарникарите беа немоќни сами да се справат со пожарот и беше побарана помош и од локалното население. 

Тоа беше знак за навивачите на Хајдук, да покажат дека се сплотени не само кога се работи за навивање на трибини, туку и за „одбрана“ на својот град, Сплит. Неколку стотици навивачи се ставија на располагање за помош на пожарникарите. 

Интересно е што освен навивачите, и дел од фудбалерите на Хајдук решија да помогнат во оваа голема акција за гаснење на пожарот. И покрај големиот одзив од локалното население, пожарот не можеше да се скроти. Тогаш се појавија и навивачите на Динамо од Загреб. 

Популарните „Бед Блу Бојси“ се најголеми непријатели на „Торцида“, кога се работи за спортски план. Сепак, како што самите „БББ“ порачаа, дека мора да се одбрани татковината. Освен „БББ“ на помош пристигнаа и навивачите од Винковци, популарните „Ултраси“.

Најново во Меѓународен Фудбал