КАПИТЕНОТ НА БАРСЕЛОНА Е ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН

Торино се приклучи на Скопје и останатите: Овации за Иниеста (Видео)

Ако има некој играч кој добил најмногу овации на терените на противникот, тоа секако е Андрес Иниеста

објавено: 23 ноември 2017 - 08:30

Каде и да се појави, воодушевува со својата игра и просто ги магепсува дури и навивачите на противничкиот тим. Тоа е Андрес Иниеста. Капитенот на Барселона, синоќа доби стоечки овации и аплаузи од противничките навивачи, на дуелот против Јувентус во Торино. 

Иниеста го напушти теренот во 82 минута, а на негово место влезе Жорди Алба. Резултатот беше 0:0 што повеќе им одговараше на гостите, но навивачите на Јувентус не се двоумеа и веднаш со стоечки овации го испратија капитенот на противничката екипа.

Ова не е прв пат Иниеста да добие вакви овации од симпатизерите на ривалите. Тој беше херојот на Шпанија на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година кога „црвената фурија“ го освои Мундијалот, а Иниеста го даде голот во финалето. Потоа кога се врати во Шпанија, каде и да играше со Барселона, Иниеста постојано беше дочекуван со овации. 

И на репрезентативно ниво Иниеста е навикнат да добива аплаузи од противничките фанови. Тој два пати има гостувано и во Македонија, во мечеви од квалификации за големи натпреварувања, а публиката кај нас го награди со аплаузи. 

Од синоќа, и Торино е дел од стадионите како напиот во Скопје и уште многу други низ целиот свет. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал