ЕДВАЈ ГО СОПРЕА

Тошиќ ќе го убиеше Ван Перси (Видео)

Српскиот дефанзивец буквално збесна и едвај го задржаа за да не се степа со холандскиот напаѓач

објавено: 5 февруари 2017 - 23:33

Дерби дуелите во Tурција меѓу Бешикташ и Фенербахче секогаш изобилуваат со тензии. Сепак тоа што се случи на последното дерби е премногу. Гигантите од Истанбул играа во нокаут фазата од Купот на Турција, а мечот го одбележа тешкиот инцидент што го направи дефанзивецот на Бешикташ, Душко Тошиќ.

Српскиот интернационалец се „закачи“ со Робин ван Перси, а потоа го удри со главата. Поради тоа доби црвен картон, а тогаш „му се споија жичките“. Тошиќ сакаше да се тепа со Ван Перси. Србинот го држеа неколку играчи, но тој инсистираше да стигне до некогашната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Јунајтед. 

На крајот Тошиќ се ладеше во соблекувалната, а Ван Перси во второто полувреме даде гол за победа од 1:0 на Фенербахче. 

Најново во Меѓународен Фудбал