ЛОШИ ВЕСТИ ЗА МЛАДИОТ ИГРАЧ НА АЈАКС

Трајни оштетувања на мозокот на играчот што колабираше

Абделхак Нури колабираше за време на пријателскиот меч против Вердер одигран во Австрија

објавено: 14 јули 2017 - 19:11

Младиот играч на Ајакс Абделхак Нури претрпел „сериозни и трајни оштетувања на мозокот“, соопштија лекарите. Оваа лоша дијагноза е како последица од колабирањето на играчот за време на пријателскиот меч против Вердер. 

Младиот 20-годишен играч кој ги помина сите младински категории на Ајакс, се сруши на теренот во 73 минута, за време на контролниот меч против Вердер Бремен, одигран во Австрија. Веднаш на теренот дојдоа лекарите, а потоа со хеликоптер беше пренесен во болница. 

Таму бил ставен во вештачка кома, за да може да му го спасат животот. Сега, неколку дена по тој несреќен случај, лекарите костатираа дека ќе има трајни последици за играчот.  

Најново во Меѓународен Фудбал