ИГРАЧОТ НА БАРСЕЛОНА СИ ЗАМИНУВА

Туран доби „бинго“ во Кина

Арда реши да ја прифати понудата од Шангај Шенхуа

објавено: 13 јануари 2017 - 13:46

Кинеската фудбалска „револуција“ продолжува. Најновото заминување кон најголемата земја во светот го најави Адра Туран. Играчот на Барселона ја прифати понудата од Шангај Шенхуа.

Според најавите Туран ќе добива 20 милиони евра по сезона, што ќе го направи да биде еден од најскапоплатените играчи во светот. Турскиот репрезентативец беше разочаран бидејќи не ја доби посакуваната минутажа во Барселона и најави дека сака да си замине.

Тоа веднаш го искористија од тимот на Шангај и дадоа понуда која не се одбива.  

Најново во Меѓународен Фудбал