НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА

ТВ правата од Премиерлигата продадени за 5,2 милијарди евра

Оваа сума ќе биде и дополнително зголемена, бидејќи не се продадени сите пакети 

објавено: 14 февруари 2018 - 20:40

Телевизиските права за пренесување на мечевите од Премиерлигата во периодот од 2019 до 2022 година се продадени за неверојатна сума од 5,2 милијарди евра. Интересно е тоа што ова не е конечната сума, бидејќи не се продадени сите пакети за споменатиот период.

Во понудата стоеја седум пакети, а за оваа сума од 5,2 милијади евра се продадени пет пакети. „Скај спорт“ во својот пакет доби право да емитува 132 преноси, додека БТ телевизија ќе пренесува 32 средби. Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Скадамор вели дека е презадоволен од понуденото. 

„Ова јасно покажува дека англиското првенство секој ден е се посилно и посилно и има се повеќе спонзори“, рече Скадамор. 

Колку значат продадените ТВ права и за клубовите, говори и фактот дека секој клуб ќе добие по 43,8 милони евра на основа од ТВ правата, а дополнителни бонуси се добиваат зависност од пласманот на табелата на крајот од првенството.

Минатата сезона шампионите Челзи доби дополнителни 43 милиони евра, а последнопласираниот Сандерленд  инкасираше плус 2,13 милиони евра.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал