ОВОЈПАТ НЕ МОЖЕШЕ ДА ПОМИНЕ БЕЗ ПОСЛЕДИЦИ

УЕФА драстично ја казни Црвена Звезда

Европската фудбалска федерација го казни српскиот клуб поради расистичко однесување и блокирани скали.

објавено: 10 август 2018 - 18:25

Поради тие два основи УЕФА донесе одлука да ја казни Црвена Звезда со два натпревари без публика во Европа.

Расистичкото однесување се случи на дуелот против Судува каде што навивачите пееле песни кои не биле во склад со УЕФА и веројатно се однесува на скандирање на Ратко Младиќ и Дража Михаиловиќ, пренесуваат српските медиуми.

Втората причина поради која се казнети „црвено-црните" се блокираните скали кои УЕФА не ги толерира и поради кои често се казнуваат клубовите.

Исто така, Црвена Звезда ќе мора да плати 72.000 илјади евра и ќе има право на жалба на една од двете точки. Наскоро би требало да стигне и официјална потврда од УЕФА.

Најново во Меѓународен Фудбал