ИНТЕРЕСНО Е ВО ГРУПАТА Ф, САЛЦБУРГ ГО УРНА РОЗЕНБОРГ (2:5)

Адеми и Динамо Загреб „газат“ во Лига Европа, во „аут“ Мојсов и Тричковски (ВИДЕО)

Вечерва се комплетираше четвртото коло од групната фаза во фудбалската Лига Европа и дознавме нови учесници во 1/16 финалето, помеѓу нив и еден македонски репрезентативец. Аријан Адеми со Динамо Загреб дојдоа и до четвртиот триумф по ред славејќи на „Максимир" со 3:1 над Трнава. Нашиот интернационалец го одигра целиот меч против Словаците. После скоро 50 години, „модрите“ ќе презимат во Европа...

објавено: 8 ноември 2018 - 23:04

Шансите за понатамошен пласман и теоретски ги загубија Даниел Мојсов и Иван Тричковски кои со АЕК Ларнака одиграа без голови 0:0 во Бугарија кај Лудогорец и на тој начин им направија „услуга" на Баер Леверкузен и Цирих од групата А на две кола до крајот да се најдат веќе во нокаут-фазата. Мојсов остана на клупата, а Тричковски настапи до 86. минута од средбата во Разград.

Арсенал во групата Е одигра 0:0 со Спортинг Лисабон (во чии редови не настапи Стефан Ристовски поради повреда), но и со овој бод играчите на Емери патуваат во следната фаза. Нашиот репрезентативен голман Дени Илиев овојпат не беше повикан во составот на Арсенал.

На тој начин, Динамо Загреб, Баер Леверкузен, Цирих и Арсенал им се придружија на Лацио, Челзи и Ајнтрахт Франкфурт како патници во нокаут-фазата од ЛЕ за натпреварувачката сезона 2018/2019.

Лига Европа, 4. коло

Група А

Баер Леверкузен-Цирих 1:0
Лудогорец-АЕК Ларнака 0:0

Табела: Баер Леверкузен 9 бодови, Цирих 9, Лудогорец 2, АЕК Ларнака 2.

Група Б

Селтик-Лајпциг 2:1
Розенборг-Салцбург 2:5

Табела: Салцбург 12 бодови, Лајпциг 6, Селтик 6, Розенборг 0.

Група Ц

Бордо-Зенит Ст. Петерсбург 1:1
Славија Прага-ФК Копенхаген 0:0

Табела: Зенит Ст. Петерсбург 8 бодови, Славија Прага 7, ФК Копенхаген 5, Бордо 1.

Група Д

Фенербахче-Андерлехт 2:0
Динамо Загреб-Трнава 2:1

Табела: Динамо Загреб 12 бодови, Фенербахче 7, Трнава 3, Андерлехт 1.

Група Е

Арсенал-Спортинг 0:0
Ворскла Полтава-Карабах 0:1

Табела: Арсенал 10 бодови, Спортинг 7, Ворскла Полтава 3, Карабах 3.

Група Ф

Бетис-Милан 1:1
Олимпијакос-Дуделанж 5:1

Табела: Бетис 8 бодови, Олимпијакос 7, Милан 7, Дуделанж 0.

Најново во Меѓународен Фудбал