„ПРАЗНИ ПУШКИ“ НА СТАДИОНОТ РАЈКО МИТИЌ

Акинфеев ја одбрани ЦСКА во Белград

Ниту 26 години чекање, ниту противник со големо европско реноме не ги импресионираа фудбалерите на Црвена Ѕвезда. Во првиот меч од 1/16 финалето од УЕФА Европа Купот, Црвена Ѕвезда - ЦСКА (0:0).

објавено: 13 февруари 2018 - 21:05

Но „црвено-белите" пред својата публика на стадионот „Рајко Митиќ" не ги искористија своите (големи) шанси, па на реваншот, за осум дека во Москва се ќе продолжи од оној почетен резултат (0:0).

А за двете нули во Белград, најзаслужен е голманот на „армејците", извонредниот Игор Акинфеев, кој „симна" неколку зицери на домашните фудбалери.

Прво во 35 минутиа го спречи Радоњиќ да се радува на водство, а на почетокот на второто полувреме, кога со вистинска акробација ја извади топката од голот по реакцијата на Ле Талек.

Па по овие 0:0, односно резултат без примен, ама и ниту даден гол, сигурно е дека посреќни се гостите од Русија каде ќе има „други правила на игра".

 

Најново во Меѓународен Фудбал