МАДРИЃАНИТЕ ВЛЕГОА ВО УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ

Атлетико му ја одзема надежта на Венгер за европски пехар (ВИДЕО)

Голот на Диего Коста на истекот на првото полувреме ги скрати сите желби на славниот Французин за да ги одржи шансите за трофеј во Европа на заминување од клубот од Лондон.

објавено: 3 мај 2018 - 23:01

Атлетико Мадрид ќе игра во финалето на УЕФА Европа Лигата, откако во реванш дуелот од полуфиналето против Арсенал, на својот „Ванда Метрополитано“ стадион, славеше со минимални (1:0). 

И без помошта на шефот на струката Диего Симеоне, „јорганџиите“ стигнаа до мечот кој на 16. мај ќе се игра во Лион 

Непосредно пред судиската свирка за крaј на полувремето Бразилскиот Шпанец и побегна на одбраната на „топчиите" и му донесе водство на Атлетико Мадрид од (1:0)...Ако се земе в предвид дека првиот меч на „„Емирејтс" во Лондон заврши со нерешени (1:1), и повеќе од доволно за место во големото финале 

Кој ќе им биде противник во мечот за титулата, ќе стане појасно по дополнителните 30.минути кои се играат во Салцбург, каде домажинот води со (2:0) против Олимпик од Марсеј кој ја загуби предноста со која дојде во Австрија,

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал