ПОЗНАТИ СЕ „ШЕШИРИТЕ" ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

„Бетонирана" е првата „осумка"

Меѓу носителите се Спартак, и Шахтјор, но од третата јакосна група „мини" би можеле да бидат Ливерпул и Тотенхем.

објавено: 22 мај 2017 - 18:15

Викендот кој е зад нас донесе многу појасна „слика" за моменталната ситуација во фудбалска Европа, односно беа симнати скоро сите дилеми, промовирани и новите шампиони во оние водечки пет земји на Стариот континент.

Па така, Јувентус ја одбрани титулата во Италија, после пет години, тоа му појде од рака и на Реал Мадрид. Освен тоа, завршена е сезоната и во Англија, и во Германија, каде се поделени и местата за евро-куповите, што автоматски значи дека се знаат и изгледите на оние т.н. „шешири" за новото издание на Лигата на шампионите.
Со крунисувањето на Јувентус и на Реал, тие два тима директно се пробија и во оној прв „шешир" и ќе бидат меѓу носителите на ждрепката за групната фаза на елитното натпреварување предвидена за крајто на август.
Друштво ќе има прават и Баерн кој одамна го одбрани насловот во германија, потоа тука се и Челзи, Бенфика, Монако, но и Спартак од Москва, Шахтјор од Доњецк.

Иако имаат далеку помал клупски коефициент, помал дури и од екипите од последниот, четврти „шешир", најдобрите тимови на Русија и на Украина се „бетонирани" меѓу оние осум најдобри благодарение на едно правило на УЕФА, која ги наградува со директна „проодност" секако оние екипи кои се водат како шампиони. А овие две земји добија место во првата јакосна група поради јачината на шампионатите.
Па оттука станува јасно дека понатаму нема ништо да се промени кога се говори за овие осум позиции.
Инаку засега се познати имињата на вкупно 21 учесник на Лигата на Шампионите. Наредниот, односно 22. ќе биде Манчестер јунајтед, доколку во среда, во финалето на Лигата на Европа го совлада Ајакс во Стокхолм.
На тој начин, или со освојувањето на овој трофеј, „црвените ѓаволи"ќе си купат билет за место меѓу најдобрите.
Но ако пак финалето им припадне на „копјаниците" од Амстердам, Холандија нема да го добие тоа дополнително место во ЛШ затоа што Феенорд, како првак на Холандија има загарантирано место во четвртиот „шешир". Со тоа би дошло само до едно мало поместување во квалификациската патека на оние т.н. „нешампиони", иако и тука има доста комбинации.
Во секој случај, преостанатите десет места ќе се добијат преку квалификациите, пет во патеката на пратители, и пет во патеката на шампионите.


Интересно е дека поради слабиот клупски коефициент, Тотенхем и Ливерпул се наоѓаат во третиот по квалитет „шешир", и во овој момент делуваат како најтешките ривали во тој дел од ждрепката. Макар што шанса низ квалификациите да дојдат до елитата чекаат и тимови како Спортинг, Хофенхајм, Јанг Бојс, Бриж, ЦСКА-Москва, Ница, Наполи (ако не ја помине Рома во последното коло од Серија А).
Инаку ова е последната година во која УЕФА ќе ги одредува рејтинзите. Почнувајќи од сезоната 2018/2019, четирите најсилни лиги во Европа (Шпанија, Германија, Англија и Италија) ќе имаат по четири загарантирани места во групната фаза.

ШЕШИРИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
ПРВ ШЕШИР: Реал, Мадрид, Јувентус, Баерн, Лелзи, Бенфика, Монако, Спартак Москва, Шахтјор
ВТОР ШЕШИР: Барселона, Атлчетико Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Севиља (ако ги мине квалификациите), Манчестер Сити, Порто, квалификант
ТРЕТ ШЕШИР: Тотенхем, Базел, Динамо Киев (ако ги мине квалификациите), Ајакс (ако ги мине квалификациите, или ја освои Лига на Европа), Андерлехт, Ливерпул, квалификант)
ЧЕТВРТ ШЕШИР: Селтик (ако ги мине квалификациите), Салцбург (ако ги мине квалификациите), Копенхаген (ако ги мине квалификациите), Феенорд, РБ Лајпциг, и три квалификанти

 

Најново во Меѓународен Фудбал