НЕ ВНИМААА ДО КРАЈ...

БИЗАРНА СИТУАЦИЈА ВО БЕЛГИСКИОТ ТИМ: Еден душек откри сè! (ФОТО)

Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез, за два дена треба(ше) да го соопшти списокот на играчи за Светското првенство во Русија. Но се чини дека истиот „се појави" во јавноста два дена порано, и тоа на еден крајно бизарен начин.

објавено: 3 јуни 2018 - 08:30

Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез, за два дена треба(ше) да го соопшти списокот на играчи за Светското првенство во Русија. Но се чини дека истиот „се појави" во јавноста два дена порано, и тоа на еден крајно бизарен начин.
Имено, белгиската телевизија ги прикажа специјално креираните „душеци" на кои беа испишани имињата и презимињата на фудбалерите, а врз основ на тоа, можеше да се заклучи кои 23 фудбалери ќе патуваат на СП во Русија.

На душеците ги немаше имињата на Мац Селс, Кристијан Кабаселе, Џордан Лукаку, Леандер Дендонкер и Аднан Јунузај.
Во врска со оваа ситуација се огласи и селекторот Роберто Мартинез кој реше дека ова не мора ништо да значи и дека целата оваа работа е сосема погрешно протолкуваа.
За потсетување, на Мундијалот, Белгија ќе игра во групата „Г", заедно со селекциите на Англија, Тунис и Панама, со која ќе го одиграат првиот меч на шампионатот, на 18. јуни.

Најново во Меѓународен Фудбал