Росонерите го признаа поразот, но имаат забелешки

Чалханоглу: Судијата расипа се (Видео)

На судијата треба да му ја дадеме наградата играч на натпреварот. Тој беше во центарот на вниманието со смешниот пенал. Па ова не смее да се случува во натпеварување какво што е Лигата на Европа. Родригез не го пипна Велбек“, протестира Хакан Чалханоглу, стрелецот на единствениот гол за Милан во двомечот со Арсенал

 

објавено: 16 март 2018 - 08:31

На судијата треба да му ја дадеме наградата играч на натпреварот. Тој беше во центарот на вниманието со смешниот пенал. Па ова не смее да се случува во натпеварување какво што е Лигата на Европа. Родригез не го пипна Велбек", протестира Хакан Чалханоглу, стрелецот на единствениот гол за Милан во двомечот со Арсенал.

Судијата Ериксон од Шведска направи кардинална грешка, откако Милан поведе во реванпот во Лондон со 1:0 и ја преполови предноста на Арсенал од „Сан Сиро“. Очигледната глума на Дани Велбек, кој падна во шеснаесетникот на Милан, без контакт со противнички играч, Ериксон лошо ја процени и досуди пенал за „топчиите“. Велбек погоди и израмни на 1:1, по што гостите како да се предадоа и испаднаа.

Арсенал беше подобар во 180 минути, но пеналот ќе остане како црна дамка на двомечот.

„Ова не се заборава, ниту му доликува на натпреварување од рангот на Европа Лигата. Велбек одглуми, а судијата може слободно да конкурира за човек на мечот. Разочарани сме, бидејќи сме драстично оштетени“, вели Чалханоглу.

Арсенал со две победи од по два гола разлика, 2:0 и 3:1 го елиминира Милан и денеска ја чека ждрепката за четвртфиналето.

Најново во Меѓународен Фудбал