СЛОВЕНЕЦОТ СПРЕМЕН ДА ОДИ ДО КРАЈ

ЧЕФЕРИН БЕЗ „ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ": Му порача на Инфантино, фудбалот не е на продажба!

Првиот човек на европската фудбалска федерација изнесе низа на критики на сметка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради неговиот план да стартува две нови натпреварувања...

објавено: 25 мај 2018 - 10:35

Плановите на Инфантино , храбриот Словенец ги окарактеризира како „циничен и немилосрден меркантилизам", а исто така владеачкото тело на светскиот фудбал го обвини дека сака да ја продаде душата на тој спорт.

Бидејќи телата кои ги претставуваат европските клубови и лиги, објавија дека се противат на планот, говорот на Чеферин пред Европската унија во Брисел, најавува сериозни разидувања помеѓу Инфантино и европјаните.

Инфантино, некогашен генерален секретар на УЕФА, предложи старт на едно ново натпреварување кое практично би било Светско првенство во мало. На него би учестувале осум репрезентации, а на програмата би било на секои две години, покрај оној, секако, традиционален Мундијал.
Овој своевиден "Фајнал-ејт" би претставувал завршница на глобалната Лига на нации. А првиот човек на светскиот фидбал исто така бара проширување на Светското клупско првенство на 24.екипи, во рамките на договорот со неименуваните инвеститори кои сакаат да вложат 25.милијарди долари за период од 12. години.

"Додека сум јас претседател на УЕФА, нема да има простор за себични настојувања и криење зад некои лажни претензии. Не можам да прифатам дека некои луѓе кои се заслепени со тркање по профит, разгледуваат продажба на душата на фудбалот со небулозни приватни фондови" – рече Чеферин пред советот на министрите за спорт на Европската унија.

„Парите не владеат, а моделот на европскиот спорт мора да се почитува. Фудбалот не е на продажба. Нема да дозволам било кој да ја жртвува неговата структура на олтарот на циничниот и немилосрден меркантилизам".

Исто така, Чеферин истакна дека фудбалот мора да се избори со концентрацијата на големо богатство во мала група на клубови, затоа што тоа влијае на самото натпреварување.

„Тоа му се заканува на натпреварувачкиот баланс, кој е од клучна важност за привлечноста која ја има фудбалот. Спремни сме да направиме се што е потребно да би го зголемиле нивото на натпреварување. Мораме итно да делуваме и реагираме, и тоа пред да биде доцна" – нагласи Чеферин.

Најново во Меѓународен Фудбал