НЕ Е ЕДНОСТАВНА РАБОТА

ЧЕФЕРИН: ВАР во Лигата на шампионите? Тоа е како Ферари или Порше, рано е...

Првиот човек на Европската фудбалска унија најави дека деден ден ВАР технологијата ќе биде воведена во ЛШ, но и дека тој систем не би го променил исходот на дуелот помеѓу Реал и Јувентус во четвртфиналето на елитното натпреварување.

објавено: 18 април 2018 - 13:20

Првиот човек на Европската фудбалска унија, Александер Чеферин најави дека деден ден ВАР технологијата ќе биде воведена во ЛШ, но и дека тој систем не би го променил исходот на дуелот помеѓу Реал и Јувентус во четвртфиналето на елитното натпреварување.

„Лигата на шампионите е како Ферари или Порше. Не можете да ги возите веднаш, потребен ви е тренинг. Сите мораат да разберат како сето тоа функционира. Рано е за ВАР, но тоа не значи дека никогаш нема да го воведеме. Тој процес е неизбежен, мораме да чекаме, но никаде не брзаме" - рече Чеферин во интервјуто за „Газета дело Спорт".

„Но чувствувам загриженост по прашањето на Светското првенство затоа што ќе имаме судии кои никогаш досега не го користеле ВАР системот. Се надевам дека нема да има скандали или пролеми. Но, во прашање е едно единствено натпреварување. Полесно е кога ќе ги имате сите италијански или германски судии".

Првиот човек на европскиот фудбал се осврна и на спорниот меч во Мадрид каде Реал помина преку Јувентус по оној сомнителен пенал кој во 93. минута од играта го досуди Англичанецот Мајкл Оливер.

„Што ВАР ќе променеше на тој натпревар? Ништо. Постојат луѓе кои тој случај го гледале 20 пати, а јас најмалку 50 пати. Сепак, половината од нив вели дека било пенал, а другите дека нема. На натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул тоа би било од корист поради непризнатиот гол. Но постојат и други проблеми. Кога се реално ќе согледаме, би можеле да го видиме ВАР во Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020, а потоа и на Европското првенство"- смета Чеферин.

Најново во Меѓународен Фудбал