ГОЛМAНСКАТА ЛЕГЕНДА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА И СВЕТОТ ОБЈАСНУВА

ЧИЛАВЕРТ: Михаел Балак мирисаше како „коза", никој не можеше да му се доближи

Во интервјуто во кое говореше за својата богата кариера, Хозе Луис Чилаверт дојде и до неколку анегдоти...

објавено: 12 март 2018 - 17:30

Важи за голманска легенда, важеше како кандидат за претседател на Парагвај. Знаеше и тоа како добро, да изведува слободни удари, и да дава голови, дојде до бројкта од 46.

Како голман на Парагвај даде осум од нив, но ниту еден на Мундијалите, што беше негова голема желба,.
Во интервјуто во кое говореше за текот на својата кариера, Чилаверт стигна и до некои пикантерии, малку познати на јавноста, пред се во Европа.


„Михаел Балак смрдеше како коза. Него мораше да го чува Естанисао Струвај затоа што Балак беше меѓу најдобрите фудбалери на светот, а никој не можеше да стои покрај него. Смрдеата на коза присутен кај Балак беше ужасен. Не знам дали тоа беше стратегија, но мораше да земе некој дезодоранс" - се присетува Чилаверт.

Тој објасни и зошто го плукнал Роберто Карлос во квалификациите за Светското првенство во 2002...

„Ме провоцираше велејќи дека натпреварот е наместен затоа што судијата бил Германец и дека тој не треба да ја суди таа средба во јужноамериканските квалификации. Шутираше од сите страни на мојот гол, и не погоди. А на крајот од мечот ми рече дека сум Индијанец. Затоа и го плукнав. Ние го добивме тој натпревар со 2:0"- појасни легендарниот голман на Парагвај, секогаш актуелен, па и сега, кога е одамна во играчка пензија.

Најново во Меѓународен Фудбал