ПАОК И ГРЦИЈА ЌЕ БИДАТ ЖЕСТОКО КАЗНЕТИ

Дали законот ќе важи за Савидис: казна и до милион евра!

Во исклучителни случаи, се отстапува од правилникот и се изрекнуваат посебни мерки...

објавено: 13 март 2018 - 13:10

Грција сеуште се опоравува од невидениот скандал и потезите на контроверзниот сопственик на ПАО, Иван Савидис, односно лудачкото влетување на теренот со пиштол на појасот во нарема да се пресмета со судијата Јоргос Коминис.

Поништениот гол на солунскиот клуб во 90. минута на големото дерби со АЕК, предизвика општ хаос на теренот на стадионот „Тумба", по што натпреварот е прекинат, а недолго потоа грчката лига е суспендирана на неодредено време.

Според информациите од Грција, полицијата издала наредба за апсење на Савидис, заедно со уште четворица други луѓе за кои се смета дека се негови лични телохранители.
И додека се чекаат конкретни потези против грчкиот милионер со руско потекло, медиумите почнаа да ги „вртат" евентуалните казни.
Според одредени членови на законот, во случајот на тешки инциденти, расистичко однесување, спортско насилство на теренот или надвор од него, како и предизвикување на немири, Министерството за спорт има можност да им изрече казна на клубовите, сојузот но и индивидуалци од 10.000 па се до 1.000.000 евра!
Во исклучителни случаи постои можност за отстапување од правилникот, со изрекнување на посебни мерки.
Заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис го прокоментира целиот овој случај и откри дека исфрлањето на сите грчки клубови од европските натпреварувања е реалност, и дека против ПАОК ќе бидат покренати одредени постапки.

„ПАOК ќе биде обвинет за сето она што се случуваше на 'Тумба'. Одлуката на Владата на Грција да се прекине шампионатот е само последица на она што го направи Савидис. Се бориме за владеење на законот. Ако ПАОК имал добри односни со нас, зарем ние би реагирале вака? Сега сме во постојана комуникација со УЕФА и со ФИФА, бараат реакција на најважните фудбалски органи. Тоа не е владата, туку дисциплинските тела кои ќе одлучат што е добро, а што е лошо" - рече Василијадис.

Најново во Меѓународен Фудбал