ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРИЛАГОДУВААТ НА СИТУАЦИЈАТА

ДЕ ГЕА И ТЕР ШТЕГЕН ВО ЕДЕН ГЛАС: Мундијалската топка не е добра!

„Телстар" доби сериозни голмански критики

објавено: 25 март 2018 - 22:35

„Телстар 18" официјалната, службената топка за претстојното Светско првенство во Русија, ќе им создава големи проблеми на голманите.

Не само поради визуелниот дизајн, така барем велат двајцата најдобри голмани кои ќе се појават на шампионатот во Русија, Шпанецот Давид Де Геа, и Германецот Марк-Андре тер Штеген, како и ветеранот на голот на Наполи, Пепе Реина (втор избор на „црвената фурија").

„Се обложувам дека во Русија ќе 'паднат' барем 35 далекуметни голови, затоа што е тешко да се забележи топката од далеку" - вели за „Ас" Пепе Реина. „Исто така, обложена е со пластичен фил и ќе биде тешко да се држи" - дообјаснува искусниот чувар на мрежата на наполитанците.

Се сложува со него и првиот голман на Шпанија, кој едноставно за топката вели дека е чудна:„Можело да биде направена многу подобро од што е".

Без пофалби за 18. издание на „Телстар" е и првиот голман на Барселона, но и на „панцирите".

„Би можела да биде многу подобра, доста 'лизга'. Но мислам дека едноставно ќе мора да се прилагодиме. Немаме друг избор" - заклучува тер Штеген.

Најново во Меѓународен Фудбал