НАПОЛНИ 31 ГОДИНИ, НО ДУШАТА НА ЛЕО Е ИЗГЛЕДА ПРАЗНА

ДЕНЕСКА МУ Е РОДЕНДЕН, како Меси го „слави", никако... (ФОТО)

Најдобриот фудбалер на Аргентина го дочека во не баш пријатно расположение во аргентинската база во Русија...

објавено: 24 јуни 2018 - 14:15

Изгледа како да е најлош фудбалер на Мундијалот. Неговиот израз на лицето на последната фотографија сликана денеска во базата на гаучосите, можеше да биде „фатена" во било кој момент од Мундијалот, затоа што Меси не „ја симнува" таа слика. Целосно е без воља, отсутен, потонат..

Единствената категорија во која има „предност" пред крајот на вториот круг од натпреварите по групи на СП, е „играчот кој поминал најмалку метри во текот на 90.минути"...
На двете средби на Аргентина, еден од најдобрите светски фудбалери беше меѓу најслабо оценетите, потполно невидлив, и најлошите играчи во неговата селекција, во која конкуренцијата за тие епитети е исклучително „силна".
Против Исланд (1:1), го утна пеналот за победа, а во дебаклот против Хрватска (0:3), беше виден само како го напушта теренот, без спортски и капитенски да им честита на подобрите противници.
И не е чудно зошто својот 31.роденден го слави на еден ваков „начин".
Особено ако се погледне со кого мора да го дели теренот.
Најдобро го илустрира овој податок. Голот против Исланд кој го постигна Кун Агуеро, кому му асистираше Рохо, е првиот погодок за Аргентина на еден официјален меч, после цели 600 денови на кој асистент или стрелец не бил Лионел Меси.

 

Најново во Меѓународен Фудбал