ВЕЧЕРВА СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

„Детската градинка“ или милионите? Кој ќе се радува во Стокхолм

Ајакс го има најмладиот тим, а Манчестер Јунајтед е клубот кој сезонава потроши преку 200 милиони евра за нови играчи 

објавено: 24 мај 2017 - 14:40

Некогашните европски прваци Манчестер Јунајтед и Ајакс вечерва ќе се борат за европски трофеј. Тоа нема да биде најзначајниот од Лигата на шампионите, туку тој во второто по ранг натпреварување на УЕФА, Лигата на Европа. На мегдан ќе излезат на стадионот во Стокхолм. 

Манчестер Јунајтед е голем фаворит. Англискиот гигант е полн со ѕвезди во својот тим. „Црвените ѓаволи“ потрошија преку 200 милиони евра за засилувања. За разлика од нив, Ајакс е тим кој сезонава реши да игра со млади сили. Гигантот од Амстердам го има убедливо најмладиот состав, па едноставно ги нарекуваат „детска градинка“. Сепак Ајакс со пласманот во финалето покажа дека има квалитет да се бори и против најдобрите.

Влогот за Манчестер е поголем. Англискиот гигант ако го освои пехарот, ќе си обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Ајакс и без трофејот, ќе биде дел од елитната лига за наредната сезона.  

Најново во Меѓународен Фудбал