ВЕНЕЦУЕЛА ИМ ГИ РАСИПА СМЕТКИТЕ НА ПАРАГВАЈЦИТЕ

ДУДАМЕЛ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Пратија неколку жени да нè деконцентрираат

Селекторот на Венецуела Рафаел Дудамел тврди дека „неколку жени" биле испратени во кампот на нивната селекција за да им „пречат" на неговите фудбалери пред средбата со Парагвај...

објавено: 12 октомври 2017 - 19:30

Квалификациите во Јужа Америка, посебно она последно коло, беа особено интересни и пред се драматични.

Аргентина помина едвај, Чиле испадна, додека селекцијата на Парагвај имаше шанса да се квалификува во дуелот против последнопласираната селекција на Венецуела.
И ако му се верува на селекторот на Венецуела, Парагвајците сториле се за тој меч и да го добијат.
Победата за селекцијата на Венецуела не значеше ама баш ништо, но после поразот парагвај остана без шанса да заигра макар и во баражот.

После мечот, селекторот на Венецуела ги обвини домаќините дека сториле се за неговиот тим биде деконцентриран пред овој дуел.

„Во хотелот беа неколку жени, но фудбалерите се променија. Искрен да бидам, тоа не беше изненадуавње за нас. Но не знам точно кој ги испрати во нашиот хотел. Тоа се стари и добро познати стратегии" - рече селекторот Рафаел Дудамел.

Најново во Меѓународен Фудбал