ПО 45 МИНУТИ ОД РЕВАНШОТ, ДАНЦИТЕ ВОДАТ ПРОТИВ ИРСКА (2-1)

Ериксен го смири Даблин: Данска има „добитно ливче“ за Русија

За разлика од оние други бараж средби во изминатите вечери, последниот носи навистина големи возбудувања.

објавено: 14 ноември 2017 - 21:41

Мечот на „Авива" стадионот во Даблин го отвори, и тоа по само шест минути игра Дафи, кој во типичен „островски стил" скокна многу повисоко од голманот на Данска, и донесе стартна предност на Ирска од (1:0).

Но следуваше триминутен шок за борбените Ирци. Затоа што на истекот на половича час од играта гостите најдоа решение, и пат до голот на домашната селекција.

Андреас Кристенсен испрати добро еден продор од левата страна и уфрлањето до него, Иако не шутна како што треба, топката се одби од стативата и влезе во голот на Рејддолф.
Две минути подоцна Данска премина во водство.
Најмногу по заслуга на феноменалниот потег на Кристијан Ериксен. Играчот на Тотенхем прифати една топка која ја додаде ниско по земја Јоргенсен, нешто понадвор од шеснаесетникот. А потоа со спектакуларен удар „од прва" ја испрати топката под пречката на ирскиот голман за (1:2).

Резултатот кој важ и на полувремето.

Најново во Меѓународен Фудбал