ДЕСЕТ ЕВРОПСКИ ТАЛЕНТИ ВО ПОЛСКА

Европа исполнета со „светски материјал"

Изборот на играчите е направен врз основа на тоа дека овие млади фудбалери досега немаат запишано настап за „А" селекциите.

објавено: 17 јуни 2017 - 16:10

Можеби на ниту едно Европско првенство за млади играчи, како ова во Полска, деновиве, нема да видиме толку талент на едно место.

Репрезентациите на Германија, на Шпанија, Португалија, Италија, во своите состави имаат навистина одлични фудбалери и во овој момент е помалку глупаво за некои од нив, а ги има доста, да се каже дека се само талентирани, затоа што во најголема мерка се веќе „остварени фудбалери".


Затоа оние кои се во Полска, или имаат намера да бидат таму во наредните две недели, ќе имаат можност да уживаат во врвен фудбал.
Затоа што за разлика од некои претходни шампионати, на овој во Полска, уште сега може да се каже дека во „ростерите" на учесниците на завршниот турнир, ќе има повеќе звезди на светскиот фудбал, иако треба да се напомене и тоа дека засега немаат ниту еден официјален настап за сениорските селекции на земјите од каде потекнуваат.


Затоа, токму од тие причини е навистина тешко да се формира ТОП 10 листа на потенцијалните „експлозии" на овој младински шампионат, особено од играчи кои досега не дебитирале за „А"селекциите на својата земја.
Па така, поради овој „критериум", да не делува збунувачки, ги нема сјајните Џанлуиџи Донарума. Марко Асенсио, Патрик Шик, Рубен Невес, Ренато Санчез, Џерар Делофуе, Макс Мајер и другите...

10 НАЈТАЛЕНТИРАНИ ЕВРОПЕЈЦИ
(ЧЕКААТ ДЕБИ ВО А СЕЛЕКЦИИТЕ)

ТАМИ АБРАХАМ (АНГЛИЈА)
ДАВИД КОВНАЦКИ (ПОЛСКА)
БРУМА (ПОРТУГАЛИЈА)
НИКОЛА МИЛЕНКОВИЌ (СРБИЈА)
ХЕСУС ВАЉЕХО (ШПАНИЈА)
МАРКУС ИНГВАРТСЕН (ДАНСКА)
ДАНИ СЕБАЉОС (ШПАНИЈА)
МАНУЕЛ ЛОКАТЕЛИ (ИТАЛИЈА)
МАХМУД ДАХУД (ГЕРМАНИЈА)
ВАЊА МИЛИНКОВИЌ-САВИЌ (СРБИЈА)

 

Најново во Меѓународен Фудбал