Првпат се случува во овој формат

Европа Лига дочека осум екипи од различни земји да бијат битка за пехарот

За првпат во актуелниот формат во Европа Лигата за трофејот од четвртфиналето во следните фази битка ќе бијат 8 екипи од различни земји

 

објавено: 16 март 2018 - 09:30

За првпат во актуелниот формат во Европа Лигата за трофејот од четвртфиналето во следните фази битка ќе бијат 8 екипи од различни земји.

Арсенал ќе ја претставува Англија, Лацио ќе ги брани боите на Италија, француска надеж за пехар во финалето што ќе се игра во Лион е Олимпик Марсеј, веројатно топ-фаворит е моќниот состав на Атлетик Мадрид, како претставник на Шпанија, тука се и руската ЦСКА Москва, единствениот дебитант во четвртфиналињата австриски Салцбург, Бундеслигашот Лајпциг и единствениот македонски претставник во европските купови, репрезентативецот Стефан Ристовски со својот клуб Спортинг од Португалија.

Последен пат вакво шарено друштво имаше во поранешниот Куп на УЕфа во 2005 година.

Ждрепката за четвртфиналето е закажана за денеска од 13 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал