И СЕЛЕКТОРИТЕ ИМААТ СВОЈ РЕЈТИНГ

ГЕРМАНЦИТЕ ПЛАЌААТ НАЈМНОГУ: Јоаким Лев е најплатениот во светот!

Специјализираниот спортски блог „ТоталСпортек" направи и едно истражување, и ги објави годишните плати на селекторите на 32. националните тима кои ќе се појават на Мундијалот во РУсија.

објавено: 31 март 2018 - 16:50

Помалку од три месеци има до светкото првенство во Русија, а со секој изминат ден, на површина излегуваат се повеќе и повеќе информации поврзани со најголемиот светски настан за оваа година.
Под посебно внимание се селекторите на оние 32. земји кои ќе имаат свои учесници на турнирот во Русија, а специјализираниот спортски блог „ТоталСпортек" направи и едно истражување и ги објави годишните плати на селекторите.

А во редот на селектори со најголеми годишни примања се издвојува германскиот, Јоаким Лев смета на 3.850.000 евра. Следува бразилскиот предводник од клупата – Тите со 3.5 милиони евра, францускиот Дидие Дешамп со индентична сума како и предводникот на „црвената фурија" Хуан Лопетеги со точно три милиони евра.
Најслабо платени селектори на годишно ниво се оној на Сенегал, Алиу Сисе (200.000 евра), полскиот Адам Навалка со 270.000 евра како и селекторот на Србија, Младен Крстајиќ со 300.000 евра.
Од тренерите кои се дел од просторите на поранешната држава, а сега ќе бидат дел од Мундијалот , Златко Далиќ како селектор на Хрватска добива по 500.000 евра, Вахид Халилхоџиќ кој ќе ја води Јапонија може да смета на точно еден милион, додека селекторот на Швајцарија Владимир Петковиќ дуеи и помалку, 850.000 евра.

ГОДИШНИ ПЛАТИ НА СЕЛЕКТОРИТЕ НА СП 2018

1. Јоаким Лев (Германија): 3.850.000 евра
2. Тите (Бразил): 3.500.000
3. Дидиер Дешамп (Франција): 3.500.000
4. Жулен Лопетеги (Шпанија): 3.000.000
5. Станислав Черчесов (Русија): 2.600.000
6. Фернандо Сантош (Португалија): 2.250.000
7. Карлос Квеироз (Иран): 2.000.000
8. Гарет Саутгтејт (Англија): 2.000.000
9. Хорге Сампаоли (Аргентина): 1.800.000
10. Оскар Табарез (Уругвај): 1.700.000
11. Хектор Купер (Египет): 1.500.000
12. Хозе Пекерман (Колумбија): 1.500.000
13. Јуан Антонио Пици (С. Арабија): 1.440.000
14. ??? (Австралија): 1.250.000
15. Рикардо Гарека (Перу): 1.150.000
16. Хуан Карлос Осорио (Мексико): 1.050.000
17. Аге Хареиде (Данска): 1.000.000
18. Вахид Халилхоџиќ (Јапонија): 1.000.000
19. Роберто Мартинез (Белгија): 1.000.000
20. Владимир Петковиќ (Швајцарија): 850.000
21. Херве Ренард (Мароко): 780.000
22. Халмир Халгримсон (Исланд): 700.000
23. Златко Далиќ (Хрватска): 550.000
24. Гернот Рор (Нигерија): 500.000
25. Јанне Андерссон (Шведска): 450.000
26. Шин Тае-Јонг (Јужна Кореја): 450.000
27. Хернан Дарио Гомез (Панама): 400.000
28. Набил Малоул (Тунис): 350.000
29. Оскар Рамирез (Костарика): 350.000
30. Младен Крстајиќ (Србија): 300.000
31. Адам Навалка (Полска): 270.000
32. Алиоу Сисе (Сенегал): 200.000

Најново во Меѓународен Фудбал