Интересни средби не очекуваат и во Лигата на Европа

„Ѓаволски“ двомеч со Андерлехт

Англискиот претставник кој е главниот фаворит за освојување на Лигата на Европа ќе незгоден двомеч со Андерлехт, додека, пак, Ајакс и Шалке ќе биде најинтересниот двомеч во четврт-финалето

објавено: 17 март 2017 - 13:18

Екипата на Манчестер јунајтед за противник во четврт-финалето од Лигата на Европа го доби Андерлехт. Англискиот претставник кој е најголем фаворит за освојување на титулата во ова натпреварување, ќе има незгоден двомеч со белгискиот тим.

Ајакс и Шалке ќе биде дуелот на некогашните „титани“ кои паметат и подобри времиња. Возбудливо ќе биде да се проследи и двомечот меѓу Лион и Бешикташ кои исто така имаат високи амбиции во ова масовно натпреварување.

 

ЛИГА НА ЕВРОПА

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Андерлехт – Манчестер јунајтед

Селта – Генк

Ајакс – Шалке

Лион - Бешикташ

Најново во Меѓународен Фудбал