Босанска несебичност на дело

И Широки ќе ја „шири“ пропаднатата „Грбавица“

Со купувањето на десетгодишните влезници за мечевите на нивниот голем ривал, Железничар, фудбалскиот клуб Широки Бријег ја подржа изградбата на источната трибина на легендарниот стадион во Сараево

објавено: 9 декември 2016 - 22:22

Така одат тие работи во Босна и Херцеговина. Кога му е тешко на пријателот, најди начин и средства да му помогнеш...

Па така, фудбалскиот клуб Широки Бријег, му пружи подршка на сараевски Железничар, и тоа со купување на годишни влезни билети за наредната деценија!!!

Херцеговците се одлучија да му дадат подршка на овој проект за изградба на источната трибина на стадионот „Грбавица“, а после добиената дозвола за градба, почетокот на градежните работи е најавен за 16. декември. 

„Подршката на најголемиот повоен инфраструктурен проект на ФК Железничар, низ акцијата на купување на десетгодишни влезници, доаѓа од сите страни. А денеска овој проект го подржа и НК Широки Бријег. Затоа ФК Железничар му се заблагодарува на НК Широки Бријег и ова сигурно може да даде пример за клубовите со заеднички сили да работат на подобрување на условите на нашите стадиони“ - се наведува во соопштението на сараевските „плави“. 

Акцијата за подршка на најстариот сараевски клуб е интензивирана и меѓу навивачите на овој клуб. А спрема информациите од клубот од „Грбавица“ досега се продадени 107 десетгодишни влезници за натпреварите на популарниот „Жељо“. 

Според нивните најави, работите на овој дел од стадионот би требало да бидат завршени на почетокот на март, кога новоизградената источна трибина ќе има капацитет од 4.650 места, 

 

Најново во Меѓународен Фудбал