Швеѓанецот не престанува да импресионира

Ибрахимовиќ: Јас сум како Индијана Џонс

„Луѓето кои ме познаваат, знаат дека го давам максимумот во кој клуб и да одам. А таму, каде што ќе заминам, победувам – со тоа јас сум како Индијана Џонс" вели популарниот Ибракадабра

објавено: 17 февруари 2017 - 13:55

Златан Ибрахимовиќ и со своите 35 години продолжува да го импресионира фудбалскиот свет.

Швеѓанецот, овој пат тоа го стори постигнувајќи хет три против Сент Етијен во победата на Манчестер јунајтед од 3:0. Со тоа, „црвените ѓаволи" речиси и да го обезбедија пласманот во осмина-финалето од Лигата на Европа.

„Секој трофеј за мене е неверојатен. Каде и да одам јас освојувам титули затоа ако успеам да освојам нешто со Манчестер јас ќе бидам супер среќен" изјави Златан.

„Луѓето кои ме познаваат, знаат дека го давам максимумот во кој клуб и да одам. А таму, каде што ќе заминам, победувам – со тоа јас сум како Индијана Џонс" додаде Ибрахимовиќ.

Во дресот на Манчестер јунајтед, Ибрахимовиќ до сега запиша 40 настапи и постигна 23 погодоци.

Најново во Меѓународен Фудбал