ПОСЛЕ ИСПАЃАЊЕТО ПО ПРВИОТ КРУГ

ИДОЛОТ НА КОРЕЈЦИТЕ ПЛАЧЕ: Не поминаа, па сега можеби ќе мора да служат воен рок!

„Игравме како нашите животи да зависат од овие натпревари. Се обидов да ги сопрам солзите, но не можев кога ги видов своите колеги. Знам колку тие сакаа да успееме. Некои од нас дури играа и повредени" - рече Сон.

објавено: 24 јуни 2018 - 12:45

Најдобриот фудбалер на Јужна Кореја, и ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин вчера го реализираше почесниот погодок за својот национален тим во поразот од Мексико (1:2).

Резултат со кој оваа селекција остана без никакви шанси за премин во осминафиналето на Светското првенство во Русија.
А после овој дуел најдобриот корејски фудбалер дури и заплака. Му течеа солзи додека говореше со новинарите, а плачеше и по заминувањето во соблекувалната.

„Игравме како нашите животи да зависат од овие натпревари. Се обидов да ги сопрам солзите, но не можев кога ги видов своите колеги. Знам колку тие сакаа да успееме. Некои од нас дури играа и повредени" - рече Сон.

Инаку, во Јужна кореја ногу машки лица мораа да одат на отслуѓшување на вопјнито рок, затоа што во таа земја истиот е задолжеителе, па така и за репрезентативните фудбалери.
Јужнокорејците мораат да и служат на државата без оглед на тоа дали се ѕвезди или не.
Сепак, по се изгледа дека играчот од средниот ред на Тотенхем можеби ќе биде поштеден од тоа.
Особено ако се земе в предвид дека од служење војска беа ослободени Ји Сунг Парк и Ли Јонг Пио, а таа привилегија овие фудбалери ја заслужија со пласманот во полуфиналето на СП во 2002 година, на кое, патем кажано, беа во улога на домаќини.

Најново во Меѓународен Фудбал