МАРОТА ВО АКЦИЈА

Јуве се договорил со Головин, но дали 20 милиони се доволни да се убеди ЦСКА?

„Старата дама" врши сериозен притисок над „армејците", ако се земе в предвид дека и Барселона фрли око на младиот руски плејмејкер...

објавено: 18 јуни 2018 - 16:30

Италијанските медиуми веќе објавија, Јувентус постигнал договор со Александар Головин, суперталентираниот руски репрезентативец, односно дека сега е редот на челниците на италијанскиот шампион да ги убедат своите колеги од московска ЦСКА да се одрекнат од можеби својот најдобар фудбалер во овој момент. И тоа за прилично скромна сума на евра кога ќе се земе в предвид моменталната ситуација на фудбалскиот пазар.

Планот на генералниот менаџер на Јувентус Џузепе Марота е ова лето да го продаде Стураро во Англија (се споменуваше Вест Хем), за отштета од околу 20.милиони евра, па тие пари да им ги проследи на „армејците", со одреден процент од понатамошна продажба.
Дали тоа ќе го задоволи рускиот клуб, останува да се види.
Но во ЦСКА се веројатно свесни дека цената на нивниот играч за врска може сериозно да порасне за време на Мундијалот. Головин беше еден од стрелците на петте гола кои Русија им ги даде на Саудиска Арабија. Па евентуалното чекање да се заврши Светскиот куп би можело да претставува одличен пазарен потег.
Но, Јувентус тоа нема да го прифати. Марота ќе се обиде да изврши протисок, и да го искористи моментот кој вели дека веќе ги договорил сите лични услови со 22 годишниот фудбалер. Покрај тоа, своја шанса се чини дека чека и Барселона, која е секогаш атрактивна дестинација за талентираните млади фудбалери.

Најново во Меѓународен Фудбал