СО НОСИЛКИ БЕШЕ ИЗНЕСЕН ОД ТЕРЕНОТ

КАКОВ МАЛЕР: Нова хорор повреда на Велбек (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва на натпреварот од четвртото коло во Лига Европа помеѓу екипите на Арсенал и Спортинг Лисабон тешка повреда доживеа Дени Велбек. Во 30. минута веднаш му беше укажана лекарска помош, загрижени лица меѓу фудбалерите и навивачите на трибините и пошироко.

објавено: 8 ноември 2018 - 22:30

Во текот на преносот не се виде најдобро што точно му се случи на играчот на „топчиите", информациите велат дека незгодно паднал и дојде до изместување на зглобот на ногата.

Треба да има официјална потврда од клубот, а наскоро и да се дознае колкава пауза го очекува 27-годишниот напаѓач на премиерлигашот.

Овој фудбалер и во претходните години имаше огромни проблеми со повредите, во сезоните 2014/15 и 2015/16 паузираше 10 месеци поради повреда на колената, а потоа таман кога се опорави, после само три месеци, повторно беше „аут" од терените.

Во мај 2016. година повторно коленото, поради кое паузираше до јануари 2017. година, а во тој период пропушти 31 меч.

Најново во Меѓународен Фудбал